Ракомет
5. November 2016 - 16:42

К.Лазаров: Сега сме разочарани, а играта против Чешка ни се повторува

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, разочаран од поразот во микс зоната изјави:
- Одигравме разочарувачки, не игравме ништо во одбраната, во напдот, и голманите. Некако со Чешка ни се повторуваат дуелите. Знавме што не чека, но не бевме подготвени. Сега сме разочарани, но мислам дека треба да се смират страстите пред нешто конкретно да решиме. Репрезентацијата е во фаза на промени , и тоа нема лесно да се реализира. Малку денови имаме за подготовки за вакви дуели и за нешто да внесеме во играта.Но, сметам дека оваа репрезентација има потенцијал, што треба да „исплива“ во иднина. Сега ни следува Светското првенство, а квалификациите продолжуваат дури потоа.
 
Од Плзен, Марјан Ников
фото: Игор Паневски