Мајката на Пино откри нови детали за убиството и обвинетата Ангела Ѓорѓиевска
Во ексклузивен разговор за Магазин, мајката од убиеното момче Пино, откри до сега необјавени детали за животот на Пино, неговото детство, моментите кога биле среќни со семејството како и детали за убиството и обвинетата, Ангела Ѓорѓиевска.
Трпковска одговори и на прашањето дали нејзиниот син бил во врска со Ангела.
„Тој не беше со неа, меѓутоа Пино ја знае преку негов другар кој и беше дечко на Ангела. Ангела беше девојка на другар од Пино. Мојот син уште кога беше во врска со едно девојче што го имаше порано, Ангела почнала да му се удвара. Сега зборуваме за пред 4 или 5 години не е ова од сега, не дефинитивно Ангела не ми беше девојка. Пино од месец октомври почна да си излегува со друго девојче многу фино, таа учи медицинска сестра, на факултет тука во Скопје, цимерка на другар од Пино. Така ја запозна. И уште тогаш мојот син почна да ја избегнува Ангела, но таа се надевала дека ќе биде богата снаа „Италијанка„.
Ангела доаѓала кај нас овде во куќава, одела по собите горе од радозналост, раскажува со вознемирен глас мајката од Пино. Последната девојката на Пино , ми рече “Тетка Мајо кога ќе дојдевме кај вас овде во куќава дали на кафе или скара, Ангела се шеташе по собите и се сликаше со автомобилите”, уште тогаш таа имаше намера да влезе во нашата фамилија. Но Пино не беше заинтерсиран за неа.
Вечерта пред да дојдат Пино и девојката кај нас на гости во Италија, , истата вечер пред да тргнат за Италија, се собрале сите дома да пијат кафе. Тогаш Ангела била со нејзиниот дечко и Пино со неговата девојка. Во тој момент кога пиеле кафе, Ангела во присуство на нејзиниот дечко и рекла на девојката од Пино, колку тоа таа би сакала да биде еден ден, на нејзиното место“- вели мајката Маја во интервјуто за Магазин.
Што мислите зошто го има смислено ова монстроузно убиство?
„Од љубомора, ова го има направено за да му се одмазди. Таа му пишуваше нон стоп. Пред да биде Пино убиен на 21 октомври јас ги читав пораките. Ангела му рекла дека ќе има собир со коли, бидејќи Пино сакаше многу коли и го прашала дали ќе одат заедно.
Тогаш Пино и одговорил на Ангела дека нема пари, но тоа тој го рече бидејќи му беше срам со неа да излегува.
Пино беше на собирот, ја имам благодарницата, ја најдов во кола и по се изгледа таа тогаш дознала за тоа дека Пино бил исто така на собирот и се налутила дополнително“-одговара таа.
Целото интервју со многу детали раскажани од мајката на убиениот Пино, прочитајте го на МАГАЗИН.
Ново на Сител
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад
-
Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација