Лудва: Подготвени сме за мазно спроведување на францускиот предлог штом го одобри Скопје
Амбасадорот на Чешка во земјава, Јарослав Лудва вели дека неговата држава, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ, е подготвена да придонесе за мазно спроведување на францускиот предлог веднаш штом биде одобрен од Северна Македонија.
-Чешка отсекогаш била силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Како претседателство со Советот на ЕУ, подготвени сме да направиме се што можеме за да придонесеме за мазно спроведување на Преговарачката рамка предложена од претходното француско претседателство и да организираме меѓувладина конференција веднаш откако таа ќе биде одобрена од Република Северна Македонија, вели чешкиот амбасадор на прашањето на „360 степени“ за официјалниот став на неговата влада.
Коментарот на амбасадорот Лудва доаѓа по изјавата на чешката ЕУ-аналитичка, Јана Јузова, дека, според она што го слушнала од чешкото МНР, „тие се многу вознемирени со Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји членки, туку само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина“.
Претходно, синоќа самата Јузова се дообјасни по ова прашање со објава на Твитер.
-Сакам да разјаснам дека моите коментари беа темелени на моето долгорочно истражување и мислење како аналитичар на политики кој го следи проширувањето на ЕУ и чешката надворешна политика и тие коментари во никој случај не ја претставуваат официјалната политика на Чешка, напиша Јузова на Твитер.
Чешка на 1 јули го презеде ротирачкото шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ. Од 1 јануари 2023 година претседавач е Шведска.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со Перински и Димитриеска Кочоска: Со ребаланс на буџетот ќе обезбедиме 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините
-
Бериша: Албанија нема повеќе од 1,4 милиони население
-
Од вторник повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи
-
Дачиќ: Синагогата во Белград е можна првична мета на терористичкот напад во Белград
-
Северна Кореја: Односите меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија се развија во азиска верзија на НАТО
-
ЦУК: Десет пожари на отворено од коишто еден е се уште активен
-
18-годишна девојка пријавила дека ја тепал вонбрачниот сопруг
-
Агелер: Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ