-->
-->
ЛШ: Вардар и Мешков Брест со по три победи
-->
Екипите на Вардар и Мешков Брест се двете единствени со по три победи во првите три кола од ракометната Лига на шампионите. Притоа „црвено-црните“ настапуваат во групата која според квалитетот е посилна од онаа на Мешков Брест.
Без пораз се уште и Веспрем и Рајн Некар Ловен, екипа која во следното коло му гостува на Вардар.
Од 3.коло за одбележување е и тоа дека капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров постигна пет голови за Барселона против ПИК Сегед и воедно стана прв ракометар со 1.000 голови во Лигата на шампионите.
Резултати од 3.коло:
А група: ППД Загреб – Веспрем 20:21, Цеље – Висла 25:28, Кил – Флензбург 27:23, Бешикташ - ПСЖ 30:40.
Табела: Веспрем 5, ПСЖ 4, Кил 4, ППД Загреб 4 , Висла 3, Цеље 2, Флензбург 2, Бешикташ 0.
Б група: Кристијанштад - Вардар 25:30, ПИК Сегед – Барселона 28:30, Монпеље - Колдинг 30:25, Рајн Некар Ловен - Киелце 32:32.
Табела: Вардар 6, Рајн Некар Ловен 5, Барселона 4, Киелце 3, Кристијанштад 2, ПИК Сегед 2, Монпеље 2, Колдинг 0.
Ц група: Чеховски Медведи - Брест Мешков 27:33, Војводина – Порто 23:27, Ла Риоха - Татран Прешов 37:29.
Табела: Мешков Брест 6, Ла Риоха 4, Порто 4, Чеховски Медведи 2, Војводина 2, Татран Прешов 0.
Д група: Металург - Евлеврум 22:19, Мотор – Скјерн 31:26, Баја Маре - Кадетен Шафхаузен 31:31.
Табела: Скјерн 4, Мотор 4, Металург 4, Баја Маре 3, Елверум 2, Кадетен Шафхаузен 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со претседателот на Австрија
-
До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики
-
Просечната нето-плата во август 41 097 денари
-
Приведен бегалец од затвор, осуден на казна затвор од осум години
-
Столе Попов добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот
-
Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип
-
Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани
-
Таравари: Работиме на децентрализација на Онкологија, да функционира како Институтот за трансфузиологија