Македонија
12. November 2015 - 12:09

Концерт на Васил Атанасов и Тодор Светиев во Велес

На малата сцена на новиот театар во Велес, а во рамките на манифестацијата „Велес - Град на културата 2015“, синоќа заеднички концерт изведоа македонските уметници на класичната музика, професорите Васил Атанасов на обоа и Тодор Светиев на пијано.

Тие ја одушевија присутната велешка публика со изведба на дела од Лолет, Шуман, Сеинт, Стојков и Колин.
 
Во изјавата за МИА проф. Васил Атаносов потенцира дека првпат настапува во новиот театар, на малата сцена, а за наредниот пат најави дека ќе свири и на големата камерна сцена на театарот за која оцени дека е прекрасна.
 
Информира  дека ова му е прв солистичко концерт во Велес со пијано придружба, а порано често гостувал со Македонската филхармонија. Се присети дека  во 1996 година во Велес, одржал и   прекрасен  концерт со Македонската филхармонија и врвниот музичар Ангел Шурев по потекло велешанец, а по повод 40 години од основањето на првото музичко училишта во Македонија, во Велес, а од концертот одтанале и тонски записи.
 
Васил Атанасов и Тодор Светиев на 6 октомври одржаа заеднички концерт во Скопје, на 10 октомври на Фестивал во Бусенца, Италија, а по Велес планираат ново гостување во Италија.