-->
-->
ЛШ: Барса домаќин на Рома
-->
Со натпреварите од петтото коло во Е, Ф, Г и Х групите, во вторник продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите. Од оваа половина во шампионската лига, пласман во нокаут фазата веќе избори Зенит, а во вторник можат да му се преидружат Барселона, Баерн, Олимпијакос, Порто, Челзи и Валенсија.
Барселона и со освоен бод во дуелот со Рома ќе осигура место меѓу најдобрите 16 во Европа. Баерн ќе го пречека Олимпијакос, Баварците се големи фаворити, но нерешен резултат ќе ги однесе двата тима во нокаут фазата.
Порто и Челзи судбината ќе си ја кројат сами, со победи одат понатаму. Порто ќе го пречека киевски Динамо, а Челзи гостува во Израел.
Валенсија гостува кај Зенит, единствениот тим со максимален учинок по првите четири кола и со победа ќе избори пласман во нокаут рундата, но само под услов Гент да не победи во Лион.
Група Е: БАТЕ Борисов-Баер Леверкузен, Барселона-Рома
Табела: Барселона 10, Рома 5, Баер 4, БАТЕ 3
Група Ф: Арсенал-Динамо Загреб, Баерн-Очимпијакос
Табела: Баерн 9, Олимпијакос 9, Динамо 3, Арсенал 3
Група Г: Порто-Динамо Киев, Макаби-Челзи
Табела: Порто 10, Челзи 7, Динамо 5, Макаби 0
Група Х: Зенит-Валенсија, Лион-Гент
Табела: Зенит 12, Валенсија 6, Гент 4, Лион 1
Натпреварите во Белорусија и Русија ќе започнат од 18 часот, додека останатите во стандардниот термин за ЛШ во 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар