Лондон и Париз: Да прекинат нападите врз бунтовниците во Сирија
Велика Британија и Франција денеска апелираа до сириската Влада и нејзиниот сојузник Русија итно да прекинат со нападите врз бунтовниците во Сирија, кои имаат поддршка од Западот.
Во заедничкото соопштение на двете земји е нагласено дека сите страни мораат во целост да го почитуваат договорот за прекин на непријателствата и без попречување да овозможат пристап до сите подрачја, кои се под опсада.
- Сите напади врз цивилите и медицинскиот персонал, исто така, мора да бидат запрени, се наведува во соопштението, објавено по средбата на францускиот претседател Франоса Оланд и британскиот премиер Дејвид Камерон.
Во документот се истакнува и дека сириската Влада и нејзините сојузници мора да го запрат „маршот кон Алепо, кој ги компромитира мировните обиди, а се заканува и драматично да ја влоши бегалската криза и да биде корисен за Исламска држава“.
Ново на Сител
-
Матични лекари не пропишуваат од новите лекови на Позитивната листа поради технички проблеми
-
Нова компресорска станица за хирургија на Клинички идната година
-
Таравари: Премногу се драматизира со бранителите
-
Вработените во JCП повторно останаа без плата – Најави за блокади на раскрсници во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа