Локализирани пожарите во Богданци и Гоцева шума кај Неготино
Локализирани се пожарите во општина Богданци и кај месноста викана Гоцева шума кај Неготино, информира денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Пожарот кој избувна вчера во општина Богданци е локализиран и е ставен под контрола. Опожарени се околу 12.000 метри квадратни-сува трева, стрништа и смрека.
Од 4 часот изутринава, во гаснењето на пожарот учествуваа тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување со 40 луѓе кои се предводени од директорот на ДСЗ Шабан Салиу. Во гаснењето учествуваат и 20 луѓе од просторните сили на општина Богданци, една медицинска екипа, 49 лица од „Македонски шуми“ и лица од ТППЕ Валандово, ТППЕ Струмица, ТППЕ Гевгелија и ТППЕ Дојран. Ангажираните лица остануваат на терен за да не дојде до негово повторно активирање.
Пожарот во Гоцева шума е локализиран, а на местото се вработените од ПОЗС Неготино, ПОЗС Кавадарци од ТППЕ Неготино и 30 лица од „Македонски шуми“.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата на терен со настанатите пожари.
Ново на Сител
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно