-->
-->
Љупчо Николовски избран за Шеф на изборниот штаб на СДСМ
-->

На вечерашната 12 седница Централниот одбор на СДСМ расправаше во однос на повеќе точки и донесе неколку одлуки.
Во однос на актуелната состојба во државата претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев информираше за степенот на реализација на мерките и имплементација на политиките во интерес на граѓаните кои носат повеќе пари кај граѓаните, ги зголемуваат платите, ја јакнат економијата и го зголемуваат животниот стандард.
Политиките на СДСМ ќе бидат пресликани и во предлог Буџетот којшто Влдата го подготвува за наредната година и ќе значат нов импулс во економијата, развој и секако повеќе пари кај граѓаните.
На предлог на претседателот Заев, Централниот одбор едногласно го избра Љупчо Николовски за Шеф на изборниот штаб на СДСМ.
Николовски во обраќањето пред членовите на ЦО рече дека СДСМ како најголема, најсилна и најорганизирана партија во државата ја води државата по прав пат и нема да дозволи деструктивните сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат назад, во неизвесност, изолација и нестабилност.
- Нашиот концепт е чесен и одговорен, насочен единствено кон граѓаните, кон државата и нејзината иднина. Убедени сме дека нашиот државнички концепт е препознаен од граѓаните и дека на 12 април масовно ќе дадат поддршка и дека на тој пат треба да продолжи да чекори државата напред. Секој ден и секој час макотрпно ќе работиме, заедно со секој наш член, со секој волонтер, со граѓаните. Следуваат средби со различни целни групи а на новата програма ќе работат и комисиите со вкупно 160 сектори. Ќе ги вклучиме и граѓанските организации и повторно новата Влада ќе ја формира СДСМ. Затоа што имаме чист, јасен, државнички концепт, рече Николовски.
Централниот одбор на СДСМ ја задолжи заменик претседателката на партијата, Радмила Шекеринска да ги координира активностите за новата изборна програма на партијата, за изборите на 12 април.
Централниот одбор заклучи дека клучните столбови од Програмата на СДСМ за само 2.5 години се реализирани и дека тоа е вистинскиот пат по којшто треба да се движи државата.
За само 2.5 години решени се најголемите наследени проблеми, економијата од негатива од -1.8% сега има раст од 4.1%, воведени се серија на мерки кои ги покачија просечните плати за 2 илјади денари, минималната плата за 5.500 денари, невработеноста е намалена на рекордни 17,5%, создадени се над 54 илјади нови работни места најмногу во приватниот сектор, инвестициите се најголеми од независноста, социјалната помош е зголемена за 300 проценти, земјава се врати на евро-интеграцискиот пат, остварена е стратешката цел за членство во НАТО...
Наша цел е новата изборна програма да произлезе од граѓаните и нивните потреби. Во таа насока сите коментари, забелешки и сугестии што ги добивме на маалските и урбаните средби, на трибините и средбите со граѓаните ги процесираме преку надлежните партиски Комисии во решенија кои ќе бидат втемелени во новата програма.
Дефинирани се и други канали преку кои што граѓаните ќе може да ги достават своите предлози до општинските организации но и до централата на СДСМ.
Партиските комисии веќе започнаа процес на подготовка на новата изборна програма на СДСМ која ќе понуди реални, остварливи и суштински мерки и политики во интерес на граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Го славел раѓањето на син со пријателите и го загубил животот во пожарот во „Пулс“
-
Додека Македонија тагува, настан за дрифтање со 300 возила кај „Борис Трајковски“ | ВИДЕО
-
Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор
-
Клековски: Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија
-
На Клиниката во Ниш примена пациентка со тешки повреди од пожарот во Кочани
-
Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување
-
Бискупот Стојанов упати сочувство за настраданите во Кочани
-
Папата Фрањо жали за жртвите од дискотеката во Кочани