-->
-->
Лига Европа: Вардар и Шкендија ќе ги добијат ривалите за баражот
-->
Македонските претставници шампионот Вардар и тетовска Шкендија попладнево ќе ги добијат ривалите во последната квалификациска рунда (бараж) од Лига Европа. Извлекувањето на двојките ќе се изврши во Нион со почеток во 13 часот. Вкупно 44 екипи меѓу кои Вардар и Шкендија ќе се најдат на ова извлекување.
Вардар и Шендија се наоѓаат во групата неносители, а потенцијални ривали им се: Зенит, Динамо Киев, Ајакс, Атлетик Билбао, Фенербахче, Милан, Викторија Плзен, Салцбург, Бриж, Брага, ПАОК, Лудогорец, Краснодар, БАТЕ Борисов, Евертон, Легија, Олимпик марсеј, Динамо Загреб, Макаби Тел Авив, Австрија Виена, Митјиланд и Партизан. Победниците од бараж дуелите ќе се пласираат во групната фаза од Лига Европа.
Првите натпревари се играат на 17.август, а реваншите се на 24.август.
Покрај извлекувањето во Лигата Европа ќе биде извршено и извлекувањето на бараж дуелите од Лигата на шампионите. Во „шампионскта рута“ од Лигата на шампионите се наоѓаат екипите на: Олимпијакос, Селтик, Копенхаген, АПОЕЛ, Марибор (носители) и Карабах, Астана, Риека, Хапоел Бер Шева и Славија Прага (неносители). Во „лига руатата“ се наоѓаат: Севиља, Наполи, Ливерпул, ЦСКА Москва, Спортинг (носители) и Стеауа, Јанг Бојс, Ница, Хохенхајм и Башакшехир Истанбул (неносители).
Првите натпревари се играат на 15 и 16.август, а реванш дуелите на 22 и 23.август.
Извлекувањето на двојките ќе се одржи во Нион со почеток во 12 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница