Лидерите на ЕУ ја потврдија посветеноста на Договорот од Париз
Лидерите на земјите-членки на Европската Унија ја потврдија посветеноста за примена на Договорот од Париз, што треба да придонесе во борбата против климатските промени.
- Договорот од Париз останува камен-темелник на сеопштите напори за ефективно решавање на климатските промени и не може повторно да се преговара за него. Договорот е клучен за модернизација на европската економија и индустрија, но е клучен и за примена на Агендата за одржлив развој 2030 година, се посочува во заклучокот од самитот на ЕУ.
Земјите-членки на ЕУ се обврзаа да ја интензивираат соработката со меѓународните партнери во рамките на Договорот од Париз, на прво место со најранливите држави, со цел изразување на солидарност со идните генерации и одговорноста кон планетата Земја.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет