Свет
7. March 2016 - 9:13

Либиските сили извршија напади против ИД во Сирт

Либиските сили во градот Мисрата нанесоа воздушни удари врз припадници на ИД во нивниот бастион Сирт, наведуваат воени извори за западни медиуми.

- Во нападите се убиени 18 луѓе меѓу кои и командири на ИД, изјави портпарол на самопрогласената влада во Триполи.

Според жител на Сирт, биле извршени напади во реони во и околу градот.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека нападите на ИД во Либија ќе се зголемат ако не биде постигнат напредок за политичко решавање на конфликтот.