ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС е антиреформска
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата на СДСМ не е реформска, туку антиреформска и оти за тоа докази се повеќе нејзини мерки и постапки, од кои една е и вработувањето на, како што велат оттаму, партиски послушници.
- Сто милиони денари годишно од парите на граѓаните ќе бидат потрошени за привремени вработувања на партиските послушници на СДС и за новите советници на Заев од невладиниот сектор. За ребалансот на буџетот антиреформската влада на СДС ја зголеми за 100 проценти количината на средства кои се издвојуваат за привремени вработувања, бидејќи Заев мора да ги плаќа фактурите и да ги остварува ветувањата кои ги даде пред членството, истакна на денешната прес-конференција Емилија Александрова.
Додаде дека наместо реализација на ветувањето 500 евра просечна плата, Заев започнува со реализација на ветувањето дека „ќе ја партизира државата од чистачка до министер“.
Овие средства, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, можат да се искористат за повисок стандард, плати, пензии и социјална помош или пак за градење школи и болници...
- Со сто милиони денари годишно пари на граѓаните исто така ќе бидат плаќани и поранешните невладини активисти кои цело време лажеа дека се коректив на власта, а позадински одработуваа за политичките интереси и агенда на СДС. Тие за својот ангажман како награда се ангажирани од Зоран Заев како советници во својот кабинет, истакна Александрова.
Додаде дека е време Зоран Заев да ги исполни ветувањата на граѓаните кои очекуваат 16.000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна плата и 500 километри нови автопати.
Ново на Сител
-
Приведен жител на Свети Николе, пронајдена дрога во неговиот дом
-
СПМ: Шефовите на источниот и јужниот сосед на Македонија настапуваат оркестрирано со империјални барања против интересите на македонскиот народ
-
Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција
-
Приведен кавадарчанец за нанесена тешка повреда на неговиот син
-
Студија на ОН: Се зголемуваат ризиците за мигрантите во Медитеранот
-
МВР: 223 возачи казнети за брзо возење
-
Вучиќ за пишувањето на Нова: Се што е напишано е лага, имаме многу фер односи со Русија
-
Би-Би-Си: Се очекува Сунак со следните неколку часа и формално да поднесе оставка пред кралот Чарлс