Либерман: Израел ќе применува политика на „морков и стап“ кон Западниот Брег
Израелскиот министер на одбрана Авигдор Либерман најави дека Израел ќе почне да ја применува политиката на „морков и стап“ кон Палестинците од Западниот Брег, објави весникот „Џерузалем Пост“.
Либерман нагласи дека Изреал ќе воведе различен пристап кон „Јудеја и Самарија“, називи со кој израелските националисти ги именуваат териториите на Западниот Брег, кој ќе опфаќа „казни за жителите на населените места од каде потекнуваат терористите и економкси бенифиции за луѓето во реоните каде нема терористи“.
- Сите оние кои се подготвени за мирен соживот со Израелците ќе имаат корист, а оние кои ќе го изберат патот на тероризмот ќе страдаат, нагласи Либерман, кој е лидер на националистичката ционистичка партија Израел е наш дом.
Согласно планот за ваквата политика, израелското Министерство за одбрана изработило карта на која територијата на Западниот Брег е поделена на зони. Деловите од кои не потекнува ниту еден терорист се обени во зелено, оние со умерена терористичка активнсот во жолто, а реоните каде се родени или живееле поголем број терористи се во црвена боја.
Врз основа на овој план, во градот Бејт-Сајур ќе биде изградена болница, во Наблус - индустриска зона, во Бидија - стадион, а од Ерихон до јорданската граница ќе биде воспоставен „економски коридор“. Сите овие градови се во „зелената зона“.
Од друга страна во населните места од „црвената зона“ ќе бидат воведени засилени безбедносни мерки, ќе бидат уривани станбени објекти и конфискувани имоти на семејствата на терористите и ќе бидат воведени повисоки казни.
Ново на Сител
-
Херцог шокиран од насилните судири во Амстердам
-
АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови
-
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона
-
Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
-
Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
-
Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета