ЛДП се залага за трансформација на пензионерското здружување
Либерално-демократската партија (ЛДП) се залага за трансформиран и независен субјект на пензионерското здружување.
За тоа, како што соопшти денеска ЛДП, е потребна трансформација на сојузот во едно советодавно тело за потребите на координација на активностите на општински организации на пензионерските здруженија и останатите субјекти од пензионерскиот интерес. За членовите на советодавното тело предлага редовно ротирање по однапред одреден распоред, за да се намалеле трошоците за работа.
- Прераснување на општинските организации на пензионери според нивните потреби во независни самостојни здруженија на пензионери, самостојно и независно трошење на средствата од општинските организации за потребите на членството, како и за креативен поттик на активности за подобрување на квалитетот на секојдневниот живот за лицата од трето доба преку формирање пензионерски невладини организации, се вели во соопштението од ЛДП.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украинците сакаат мир, но не и по цена да се откажат од Украина
-
Земјотрес од 6,3 степени го погоди Чиле
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години