ЛДП изразува жалење за настраданите и бара одговорност од надлежните
Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува загриженост поради големиот број човечки жртви и причинетата материјална штета од невремето кое ја зафати Македонија и сочувствува со семејствата на загинатите граѓани.
Скопските општински организации и членовите на ЛДП, како што информира партијата, се активно вклучени во сите граѓански хуманитарни акции за помош на населението зафатено од поплавите.
Истовремено, ЛДП искажува разочараност од, како што наведува, односот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кон институциите формирани согласно Уставот и забележува на неговата посета на погодените подрачја како партиски лидер.
ЛДП бара одговорност и оставка од директорот на УХМР Оливер Ромевски зашто потфрлил во предупредувањето на граѓаните за можноста од силни напливи дожд, како и од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу за несоодветно и неспремно справување со поплавите.
Ново на Сител
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда