-->
-->
Лазаров и Савевски ги скратија списоците за МИ во Алжир
-->
Македонија на медитеранските игри во Алжир ќе се претстави и во два екипни спорта, ракомет и одбојка. Во експедицијата која патува вечерва се по 16 репрезентативци во машката и женската ракометна селекција.
Во предвечерјето на медитеранските игри селекторот на машката ракометна репрезентација Кире Лазаров го соопшти списокот од 16 имиња кои ќе ги бранат боите во Алжир. Во екот на подмладување на националниот тим ова ќе биде шанса за помладите ракометари да стекнат искуство и да се наметнат кај селекторот за поголемите натпреварувања.
Од поширокиот список отпаднаа Галевски, Кузманоски, Тодески и Ѓорговски. Македонија е во Б- групата со Шпанија, Грција, Алжир и Турција. Првиот натпревар го играме против Грција на 28-јуни. И селекторот на женската репрезентација Љупчо Савевски го скрати списокот на 16 ракометарки откако отпаднаа вкупно 6 од поширокиот список.
Македонија е во група со Србија, Турција и Португалија и ќе стартува на 30-ти јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети