-->
-->
Лавров: Врз Србија се вршат притсоци како врз Украина во 2004 година
-->
Западното мешање во внатрешните работи на Србија претставува продолжување на американскиот притисок врз Белград за да направи избор за соработката меѓу Русија и Европската Унија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според него, сето ова потсетува на 2004 година кога од ЕУ доаѓале слични изјави, додека во Украина се спроведуваше „потокаловата револуција“. - Тогаш на Украина и беше порачано дека мора да направи избор меѓу Русија и Европа, изјави Лавров.
- Неодамна Србија ја посети заменик државниот секретар на САД Брајан Хојт Ји, кој рече дека Белград мора да направи избор - или ЕУ или Русија, како да е невозможно да имате пријателски односи и со едната и со другата страна, како и дека Америка апсолутно го поддржува европскиот избор на Србија. Зарем тоа не е мешање во внатрешните работи на една земја, праша Лавров.
Ји за време на неодамнешната посета на Белград изјави дека земјите кои сакаат членство во ЕУ мора јасно да покажат дека „не можат да седат на две столчиња“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат