-->
-->
Лавров: Изјавите на Ники Хејли за Северна Кореја се „крвожедна тирада“
-->
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени денеска дека изјавите на амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли во однос на Северна Кореја, претставуваат „крвожедна тирада“, додавајќи дека воена интервенција против Пјонгјанг би претсавувало голема грешка.
Како што јави МИА, Хејли во вторникот го предупреди раководството на Северна Кореја дека земјата ќе биде „целосно уништена“ доколку избие војна.
Во средата Северна Кореја изврши тестирање на нејзината најнова балистичка интерконтинентална ракета, што може да достигне до американската територија.
- Употребувањето на сила против Северна Кореја би било играње со оган и голема грешка, посочи Лавров.
Тој додаде дека Москва ќе направи се што е потребно за да се избегне такво сценарио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани