Свет
16. March 2016 - 23:11

Лавров и Кери за подобра координација заради одржување на мирот во Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери разговараа за потребата за подобра координација заради одржување на прекинот на огнот во Сирија, соопшти руското МНР.

„Лавров и Кери во телефонски разговор потврдија дека американскиот државен секретар следната недела ќе допатува во Русија“, соопшти Министерството.

Од Кремљ денеска имаше и потврда дека се задоволни со начинот на кој САД соработуваат со Русија во воспоставување мировни решенија во Сирија.

– Сега е најважно да соработуваме во напорите да се применат мировните решенија за Сирија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.