КЗД: Комисијата овие денови е спречена нормално да функционира
Од Комисијата за заштита од дискриминација велат оти овие денови Комисијата е спречена нормално да функционира. Оттаму посочуваат дека Комисијата од нејзиното создавање во 2011 година е сместена во зградата на МРТВ на 20ти кат, во просторија од 20 метри квадратни. На овој начин Комисијата и така е непристапна за граѓаните, а особено за лицата со попреченост, кои имаат тешкотии да пристапат и пријават повреда на правата, особено дискриминација, се вели во нивното соопштение.
– Овие две-три недели лифтовите во зградата на МРТВ не работат, работа што Комисијата ја прави апсолутно нефункционална. Вработените и членовите имаат тешкотии да одат на работа, а граѓаните не можат да пристапат и пријават случаеви на повреда на правата или да се информираат за истите, велат од Комисијата.
Оттаму изразуваат разочарување што Владата не и доделува на Комисијата пристапни простории како што налагаат начелата за функционирање на телата за еднаквост. Сместена на 20ти кат во простории од 20 метри квадратни, а сега и со лифтови кои не работат, Комисијата за заштита од дискриминација е спречена да функционира нормално и да ја врши својата функција на заштита на правата на граѓаните.
Од Комисијата сметаат дека правната несигурност во која се наоѓа Комисијата наметната од новиот предлог Закон за спречување и заштита од дискриминација, кој предвидува престанок на мандатот на Комисијата како независно тело, спротивно на ставот на Венецијанската Комисија, прават Комисијата за заштита од дискриминација да не биде на ниво на задачата на промоција на еднаквоста и спречување и заштита од дискриминација.
Комисијата апелира до Владата и до нејзината Служба за општи и заеднички работи да обезбедат пристапни и достојни за работа простории за Комисијата за заштита од дискриминација со цел овозможување на нејзиното нормално функционирање, а се со цел заштита на правата на граѓаните.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра