Курти: Одлуката на Советот на ЕУ е неправда кон Албанија и Северна Македонија
Лидерот на Движењето „Самоопределување“ Албин Курти, од Тирана ја коментираше негативната одлука на Европскиот совет, да не се даде датум за започнување на преговори со Албанија и Северна Македонија.
Според него, нанесена е неправда кон овие две земји, како и што е и недавањето визна либерализација за граѓаните на Косово.
-Косово и Албанија треба да соработуваат повеќе. Проблемот на Балканот, на овие шест земји сè уште не интегрирани во ЕУ, е дека Косово сè уште нема визна либерализација, другите земји ги имаат. Мислам дека е неправедно што Република Албанија и Северна Македонија не ги започнуваат преговорите за пристапување, тоа ним им припаѓа тие го заслужија тоа, изјави Курти по прославата на победата на неговата партија органзирана во Тирана.
Коментирајќи ја средбата во Нови Сад на премиерите на Албанија и на Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучќ, за формирање балкански „минишенген“, идниот премиер на Косово, Албин Курти, ја упати пораката: Внимавајте со Србија!
-Мислам дека треба да бидеме внимателни во односите со Србија, затоа што знаеме што им направи на Албанците од една страна, а познато е дека пред три години се обиде да предизвика државен удар во Северна Македонија, пуч со помош на Русија, но не успеа, рече Курти.
Ново на Сител
-
„Андроид 16“ би можел да го носи кодното име „Баклава“
-
Последен пат ја виделе неандерталците: Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата
-
Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти
-
Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно
-
ЦУК: 11 пожари на отворено, девет пожарникари дежураат кај зградата во Чаир
-
Во Визбегово се убиваат улични животни и миленици со огнено оружје, предупредува Анима Мунди
-
Во Прилеп денеска е ден на жалост
-
Ракометарите на Веспрем триумфираа на Светско клупско првенство