Македонија
4. October 2024 - 10:37

Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно

Еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од затвор до затвор. Моментално во државата има 2 400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, изјави директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов. 

Намалувањето на затворската популација, посочи Пандов, може да се направи на три начини - преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се повратници. 

- За жал, Македонија досега требаше да има целосно нов затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, парите што се обезбедени сега се под мораториум. Следната недела треба да има контрола и се надевам да се одмрзнат тие средства следната година, изјави Пандов. 

Околу 400 лица моментално имаат А-третман и тие, според Пандов, веќе користат отсуство и работен ангажман. 

-Точната статистика во моментов ја немам, меѓутоа ги има голем број да речеме, ако гледаме третмански во затворите во моментов има околу 400 затвореници кои се со А третман, што ќе рече одреден дел од нив над стотина излегуваат секојдневно по 7 или 8 часа од сабајле зависи каков им е работниот договор до 16 до 17 часот попладне. Ако тие веќе така можат да излегуваат и да ги повторуваат своите кривични дела зошто не направиме да тие луѓе едноставно ги „ослободиме“ – имаат условен прекин на нивната казна. 

Паднов, меѓудругото, посочи дека ќе имаме и целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово. 

Во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни.