Курдските сили во Ирак почнаа опсада на градот Башика
Курдските сили, кои се дел од операцијата на ирачките безбедносни сили за ослободување на Мосул, започнаа опсада на градот Башика.
Градот, кој е оддалечен само 12 километри од Мосул, претставува важна локација на линијата за снабдување на силите на џихадистичката Исламска држава (ИД).
Еден од курдските команданти, генерал Саид Хазхар изјавил за западните медиуми дека силите на Пешмерга настапуваат внимателно, стравувајќи од напади на бомбаши самоубијци и од поставените „бомби стапици“.
Ова е втор обид на Курдите да влезат во градот.
Минатата недела тие се обидоа да извршат офанзива врз Башика, но морале да се повлечат откако наишле на силен артилериски оган од страна на џихадистите кои пукале од градот.
- Овојпат настапуваме со поинаква стратегија. Градот е заобиколен од три страни, а курдските борци се вкопуваат во неговите предградија, рекол генералот Хазхар.
Силите на Пешмерга успеале да го прекинат патот од Башика кон Мосул, помагајќи ја на тој начин офанзивата на ирачките сили кон вториот по големина ирачки град.
Мосул, како и Башика, од јуни 2014 година се наоѓаат под контрола на џихадистите на ИД.
Тие тогаш не само што ја протераа ирачката армија и овозможија џихадистите да создадат „калифат„ во териториите на Ирак и источна Сирија, туку успеаја да запленат и многу тешко оружје, што Американците им го оставија на Ирачаните.
Околу 30 илјади ирачки сили, курдската Пешмерга, племенски сили на арапските сунити, како и шиитска милиција, помогнати со воздушни напади од САД и членките на анти-ИД коалиција, се вклучени во офанзивата за ослободување на Мосул, која започна минатата недела.
Западните медиуми, повикувајќи се на разузнавачки извори, тврдат дека џихадистите од ИД почнале со егзекуции на сите осомничени за „помагање и шпионирање“ во корист на ирачките сили.
Ново на Сител
-
Судски формираше комисија која ќе ги испитува претходните постапки за Васил Јованов
-
Обвинителството прибира докази за сообраќајката во која загина Фросина
-
Мицкоски: Владата ќе им врати 50 милиони евра на компаниите за солидарен данок
-
Во Прилеп започна промената на водоводната мрежа во центарот на градот
-
Стартува проектот за изградба на најголемиот ветерен парк на западен балкан
-
Охрид ќе добие катна гаража и нов плоштад
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра