-->
-->
Курдските и ирачките сили договорија примирје во северниот дел на Ирак
-->
Владата на Ирачки Курдистан соопшти денеска дека ирачките сили и курдските Пешмерги постигнале договор за прекин на огнот во северниот дел на Ирак.
Претходно беше наведено дека примирјето би требало да ги опфати сите области каде се случија судири, откако на 25 септември во Ирачки Курдистан беше одржан референдум за независност.
- Примирјето се почитува, нагласи Вахал Али, шефот на прес-службата на курдскиот лидер Масуд Барзани.
Али наведе дека се одвиваат дипломатски активности со цел да се започнат преговори меѓу Ербил и Багдад.
Имено, ирачките власти претходно одбиваа да преговараат со регионалните власти во северниот дел на Ирак, потврдувајќи го суверенитетот на целата територија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки