-->
-->
Кулеба: Украина не може да чека уште 75 години, мора побргу да влезе во НАТО
-->
Ветувањето дека Украина ќе стане членка на НАТО мора да се исполни, но Украинците не можат да чекаат уште 75 години за тоа да се случи, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за Си-Ен-Ен.
Кулеба истакна дека Украина во изминатите неколку дена на Самитот на НАТО видела многу охрабрувачки сигнали на сите нивоа дека патот кон членството е неповратен.
– Ќе бидеме целосно среќни кога Украина ќе стане членка на НАТО. Но, не можеме да чекаме уште 75 години за да го прославиме пристапувањето на Украина, тоа мора да се случи порано, бидејќи тоа е единствениот начин да се обезбеди стратешка безбедност и стабилност во евроатлантскиот регион, заклучи Кулеба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вархеји: Меѓувладини конференции идниот месец со Србија и Албанија, можеби и со Македонија
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Од утре дел од образовните асистенти почнуваат со работа
-
Игротеките и училиштата ризик за ширење на заразни заболувања помеѓу децата
-
СДСМ: Мицкоски понуди платформа што самиот не ја почитува
-
ВМРО-ДПМНЕ повика ДКСК и ЈО да го проверат имотот на Филипче
-
ДЗС остана само со еден функционален „Ер трактор“
-
Не се знае кога ќе се делат ваучерите за инвертери