Крваво злодело: Се сомневал дека го изневерува, па 7 пати ја избодел со нож
Крваво злодело се случило во попладневните часови во четвртокот, во Австрија откако 61- годишен А.К од Србија бил уапсен поради сомнение дека си ја убил сопругата 43- годишната И.К.
Телото на несреќната жена го нашла нејзината ќерка која веднаш повикала Брза помош, но било доцна.
-Жената лежела на подот, а на неа беа видливи убодни рани.И.К беше веќе почината кога стигнавме. Имаше седум убодни рани - навеле надлежните органи.
А.К бил уапсен , но се обидел и да побегне и рекол дека немал намера да ја убие, туку само дека кавгата меѓу нив ескалирала поради тоа што се сомневал дека сопругата го изневерувала, па поради тоа во нервоза грабнал нож па ја избол со нож 7 пати.
Според локалните медиуми И.К прва успеала да замине за Австрија па после некое време да направи документи и за својот сопруг, кој изто така заминал да живее таму.
Работела во ќебапчилница каде сите биле Срби и велат дека нивниот брак бил добар и не можело да се слушне никаков лош збор.
Ново на Сител
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови