Крвава секс забава: Криминалците упаднале на прославата на познатиот измамник, брутално убиен вратарот на клубот
Вратарот, избоден на новогодишната вечер, умрел штитејќи ги богатите клиенти на забавата на самопрогласениот аристократ, лордот “Брз Еди” Девенпорт.
Самопрогласениот аристократ, познат по луксузните секс-забави, бил виден како помага при плаќањето на вратата на ексклузивната забава, кога насилниците се обиделе да си го пробијат патот до “Парк Лејн”, каде Новата година ја прославиле арапски принцези, тајкуни и други познати личности.
“Тоа беше луда забава”, рекол извор близок до Девенпорт.
Вратарот Тјудор Симионов бил убиен откако бил избоден во гради, а и хостесите исто така биле сериозно повредени, при инцидентот кој се случил во околу 5:30 часот по локално време.
Брзиот Еди пред три години бил пуштен од затвор бидејќи ги убедил судиите дека е тешко болен. Но, сигурно ужива во животот по излегувањето на слобода.
“Еди ја организираше забавата. Тој ги наплаќаше влезниците”, рекол член на персоналот, кој сакал да остане анонимен. “Тој издаваше карти и ги наплаќаше. На пример, некој плаќаше 2.200 евра, некој 800, а некој 110 евра. Цените не беа фиксни. Со Девенпорт работеше и една Кинезинка”, додал тој.
Изворот навел дека имало девојки “облечени во атрактивна облека, со долна облека кој ѕиркала, и дека луѓето влегувале и излегувале”. “Делуваше како секс-забава”, истакнал тој.
Адвокатите на Девенпорт навеле дека нивниот клиент не ја организирал забавата, земал пари, ниту платил за промоција на забавата. Но, соговорникот признал дека не знае дали неговиот клиент бил присутен.
“Чекам Девенпорт да ми потврди дали бил на забавата или не”, рекол тој. Сепак, други извори тврдат дека токму Девенпорт бил организатор на забавата. Многу пријатели на Еди и негови поранешни клиенти биле таму, во друштво на елитни проститутки.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица