Крвава пресметка меѓу двајца адвокати во Франција
Изутринава во судот во Мелан (Сена и Марна) дојде до крвава расправа меѓу двајца адвокати, јавува дописникот на МИА од Париз.
Адвокатот Жосеф Сципилити адвокат при судот во Мелан, во 9 часот влезе во канцеларијата на претседателот на адвокатската комора и на три пати пукаше врз претседателот Хенрик Вание, по што се застрела самиот. Неговата смрт е потврдена.
Претседателот на адвокатската комора погоден со повеќе куршуми е пренесен кон болницата во Мондор – парискиот регион, по што почина како последица од повредите.
Според информациите објавени изутринава во француските медиуми, двајцата адвокати биле во конфликт извесно време. На адвокатот кој смртно го рани својот колега и потоа се самоуиби, Жозеф Сципилити му беше забранет дури и пристапот во судот, каде се случи крвавата пресметка.
Тој бил суспендиран три години од страна на адвокатската комора, откако испатил заканувачки писма до претседателот на комората. Изутринава тој имаше средба со претседателот на адвокатската комора, кој требаше да му ја нотифицира суспензијата.
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност