Крос по тригодишна пауза се враќа во германската репрезентација
Играчот за врска на мадридски Реал, Тони Крос (34) објави денеска дека се враќа во германската фудбалска репрезентација, по тригодишна пауза, и ќе биде во составот кој селекторот Јулијан Нагелсман ќе го предводи на Европското првенство ова лето во Германија.
„Здраво екипо, ќе бидам краток, од март се враќам во германската репрезентација. Зошто? Затоа што селекторот тоа го побара и затоа што сум подготвен да помогнам. Сигурен сум дека на ЕУРО можеме да направиме многу подобар резултат отколку што повеќето луѓе во моментов мислат“, објави Крос на социјалните мрежи.
Крос досега одигра 106 натпревари во германскиот дрес, а беше и во составот кој во 2014 година ја освои светската титула.
Фудбалерот на Реал последен пат го облече репрезентативниот дрес на Европското првенство пред три години кога беше жестоко критикуван поради слабиот настап на тој турнир.
Ново на Сител
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб