Македонија
12. November 2021 - 21:55

Крмов: Заев е скршен човек и комплетен заложник на ДУИ, а Груби е опуштен како на рок концерт

Употребувајќи ги зборовите „Премиерот е скршен човек“, пратеникот на Левица, Борислав Крмов, објави пост на социјалната мрежа Фејсбук.

„Премиерот е скршен човек, сега комплетен заложник на ДУИ и сведен на политички пион. Додека Вицепремиерот Груби е опуштен како на рок концерт, со јасна демонстрација на СИЛА И МОЌ.

Тоа ви е новиот Премиер. Но, долга е борбата другари. Не е готово додека не биде готово. Ние сме тука и ќе останеме тука до крај“, се вели во Фејсбук објавата на пратеникот Крмов.