Кривична за поранешен помошник министер и раководител во МВР за незаконски јавни набавки
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против Ж.Т. во својство на помошник министер во Министерството за внатрешни работи и против А.С. во својство на раководител на Сектор за набавки, менаџмент и логистика во Министерството за внатрешни работи поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1, од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Како што соопштија денеска од Финансика полиција, првопријавениот Ж. Т. во својство на одговорно лице, помошник министер во Министерството за внатрешни работи на РСМ, неизвршувајќи ги своите службени овластувања свесно и со однапред утврдена намера, не донел одлука за јавна набавка од отворена постапка за набавка на Услуги за сервисирање на возилата во сопственост на МВР во 2018 година иако бил донесен План за дополнување на Годишен план за да се спроведе истата во декември 2018 година.
Тој, стои во соопштението, не презел дејствија за навремено отпочнување и објавување на редовна постапка и ја загрозил безбедноста на вработените во Министерството за внатрешни работи со што ги довел возилата во состојба на дефектажа и неможност истите да се сервисираат на начин што не донел одлука во најбрз можен рок по носење на новиот Годишен план за јавни набавки за 2019 година и со тоа свесно ги довел сите во состојба на итност за со намера да се спроведе итна постапка донесувајќи Одлука за спроведување на итна постапка со преговарање без објавување на оглас за поправка и сервисирање на ПМВ и ТМВ во која постапка биле испратени покани само на одредени економски оператори.
- Второпријавената А. С. во својство на началник на Секторот за набавки, менаџмент и логистика при Министерството за внатрешни работи на РСМ чија должност била да ги спроведува одлуките донесени од помошник министерот, истата иако била должна да задолжи лице кое ќе објави оглас за јавна набавка од отворена постапка, не го сторила тоа и на тој начин не овозможила на други заинтересирани економски оператори да учествуваат во истата постапка, врз основа на што првопријавениот Ж. Т. склучил рамковна спогодба по итна постапка со преговарање без објавување на оглас на кој начин првопријавениот заедно со второпријавената овозможиле противправна имотна корист за носителите на набавката Коп Компани ДООЕЛ Скопје, Пржо Автокомплекс ДООЕЛ Битола, Аутомакедонија АД Скопје, ДТУ Авто сервис Раде ДООЕЛ увоз-извоз с. Теарце Тетово и МИ - ДА Гранд Моторс ДОО Скопје, по 9.440.000,00 денари поединечно за секој правен субјект односно вкупен износ од 47.200.000,00 денари со ДДВ, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.
Ново на Сител
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“