Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
Kумановската полиција поднесе кривична пријава против градежна инспекторка од општина Куманово, информираше денеска полицијата, која ја сомничи за „злоупотреба на службена положба и овластување“.
СВР Куманово ја сомничи инспекторката дека при вршење надзор, констатирала бесправна градба, но наместо да го задолжи правното лице, донела заклучок општината да го изврши отстранувањето и го оштетила буџетот на општината за речиси половина милион денари.
- СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Т.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, градежен инспектор во општина Куманово, извршила инспекциски надзор на објект во Куманово и констатирала бесправна градба, за чие отстранување наместо да го задолжи правното лице, донела заклучок отстранувањето да го изврши општина Куманово, со што го оштетила буџетот на општина Куманово за износ од 498.503 денари, соопштија денеска од СВР Куманово.
Ново на Сител
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%