Македонија
13. February 2025 - 16:49

Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(20) и 17 - годишник, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. 

На 02.09.2024 во с.Арачиново, скопско, пријавените, по претходна расправија, физички го нападнале Б.Р. од Скопје и испукале три куршуми кон него и му нанеле тешки телесни повреди.