Кривична пријава за 14 навивачи во вчерашната тепачка кај Стража
СВР Тетово поднесе кривична пријава за 14 лица учесници во вчерашната тепачка која се случи покрај магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Сретковскиот мост, помеѓу навивачите на Фудбалскиот клуб „Шкендија“ од Тетово и на Ракометниот клуб „Будуќност“ од Црна Гора.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, информираше дека веќе се идентификувани и со кривична пријава за „учество во тепачка“, која ќе биде поднесена во текот на денов, опфатени 11 лица, навивачи од Црна Гора и 3 лица од нашата држава, навивачи на „Шкендија“ од Тетово.
- Четиринаесетте осомничени се приведени и во консултација и координација со јавен обвинител задржани се во СВР Тетово, по што со соодветна пријава денеска ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, појасни Јосифоски.
Тој нагласи дека СВР Тетово, продолжува со активностите за идентификување и на други учесници во тепачката против кои, исто така, ќе следуваат поднесоци, како и на расветлување на сите поединости, кој се бил инволвиран и зошто се случила тепачката на тоа место.
Вчера попладне во близина на преминот Стража, потсети Јосифоски, дошло до „блиска средба“ на две групи навивачи која прераснала во тепачка. Едно лице било прободено со остар предмет, едно со расченици на главата, а други двесетина побарале медицинска помош во гостиварската и кичевската болница.
Ново на Сител
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски