Кривична пријава против две лица за кражба на дрва
Во рамки на оперативната акција „Гора“ е поднесена кривична пријава против две лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело „кражба“ и „помагање“.
Кривичната пријава е поднесена против 34-годишниот И.З. за сторено кривично дело „кражба“ и против 31-годишниот Б.З. за кривично дело „помагање“.
И.З. противправно присвоил бесправно исечени 7.70 метри кубни огревно дрво без жиг и соодветна документација кои на 17 октомври лани ги натоварил во товарно возило „мерцедес“, сопственост на неговиот брат, и ги оставил на одредено место со намера во вечерните часови незабележано да ги превезе од неговиот дом во кумановското село Гошинце до семејна куќа во скопското село Арачиново. Утредента, пријавените со возило „мицубиши пајеро“ отишле до местото каде било оставено товарното возило со дрва.
Товарното возило го возел 16-годишниот син на И.З., а тој со Б.З. во „мицубиши пајеро“ биле претходница со цел да го предупредат ако наидат на полициска патрола. Кога влегле во селото Арачиново, И.З. и Б.З. биле запрени од страна на полициската единица „алфи“ по што И.З. го известил синот кој се дал во бегство и го оставил возилото натоварено со огревни дрва. Возилото било најдено од страна на алфите и за настанот била известена шумската полиција, а И.З. и Б.З. биле спроведени во полициската станица во Гази Баба каде дале лажни искази.
Од извршените проверки констатирано е дека сопственик на возилото е братот на И.З. кој изјавил дека му го дал на користење пред пет-шест месеци. После тоа двајцата го признале кривичното дело. Товарното возило и огревните дрва се одземени од страна на шумската полиција.
Со направеното кривично дело пријавените ја оштетиле државата за 53.900 денари.
Ново на Сител
-
Песков: Америка сака да види дека Киев сака мир за време на разговорите со Украина во Ријад
-
Поради сообраќајка на магистралниот пат Битола-Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат
-
Камбовски: Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд
-
Oд метастазиран рак до без рак за неколку месеци
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1
-
Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење