-->
-->
Кремљ соопшти дека желбата на НАТО за „воен Шенген“ ги зголемува тензиите и е причина за загриженост
-->
Кремљ денеска соопшти дека желбата на НАТО да има воен пандан на Шенген зоната во Европа за да се овозможи слободен премин на војниците низ територијата на земјите-членки на Алијансата ги зголеми тензиите и е причина за загриженост.
Началникот на логистичката команда на НАТО, генерал-полковник Александар Золфранк, во интервју објавено вчера изјави дека би сакал да види таква зона. Тој ја изрази својата загриженост што премногу бирократија во цела Европа го попречува движењето на армиските единици, и тој проблем би предизвикал значителни одложувања при евентуален конфликт со Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија ќе одговори ако предлогот стане реалност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила