Кремљ: Путин е отворен за разговори за можно решение во Украина
Претседателот Владимир Путин е отворен за разговори за можното решение во Украина, но одбивањето на САД да ги признаат анектираните територии како руски ја кочи потрагата по потенцијален компромис, соопшти денеска Кремљ.
– Претседателот на Руската Федерација секогаш бил, е и останува отворен за преговори за обезбедување на нашите интереси, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите на прашањето за изјавите на американскиот претседател Џо Бајден.
Тој додаде дека „најпосакуваниот начин да ги постигнеме нашите интереси е преку мирни, дипломатски средства“.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин доколку тој покаже дека е заинтересиран да стави крај на војната што ја води во Украина.
Бајден истакна дека Путин „ сè уште не го сторил тоа“.
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени