Кражба во новата зграда на Општина Струга, сторителот малолетник
– Копјутери, лаптопи и друга техника била украдена ноќеска од новата зграда на Општина Струга, во која пред само неколку дена се преселила општинската администрација.
Полицијата утрово во 9 часот лишила од слобода малолетник, осомничен за кражбата.
– Тој се сомничи дека извршил кривични дела „кражба“ во канцеларија во Општина Струга и во продавница за мобилни телефони на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, информира за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Малолетникот, додаде, е задржан во полициска станица и во присуство на неговите родители со него ќе биде извршен службен разговор.
– За настанот ќе биде известен и Центарот за социјални работи од Струга. По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат