Крајбрежната стража на Мавританија пресретнала брод со мигранти
Брод што превезувал меѓу 150 и 180 мигранти денеска бил пресретнат од Крајбрежната стража на Мавританија, соопшти Агенцијата за миграции на Обединетите нации.
Инцидентите укажуваат на раст на бројот на лица кои сакаат да го ризикуваат својот живот минувајќи низ овој опасен поморски пат од западна Африка до шпанските Канарски острови, што беше главна маршрута за оние кои бараат работа и подобар живот во Европа, додека Шпанија не ги засили контролите, пренесоа британските медиуми.
-Тоа е дел од трендот, се поголем број луѓе ја минува оваа маршрута, бидејќи патот преку централен Медитеран е запрен заради ситуацијата во Либија, изјави Лангароти.
Во средата најмалку 62 лица се удавија крај брегот на Мавританија, а околу 80 успеаја да допливаат до брегот бидејќи им потонал бродот што ги превезувал од Гамбија.
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија