Крадци ја украле Нобеловата награда од домот на Каилаш Сатиарти во Њу Делхи
Крадци денеска провалиле во домот на индискиот лауреат на Нобеловата награда за мир за 2014 година, Каилаш Сатиарти, во Њу Делхи, и ја украле репликата на неговата награда, соопшти полицијата.
Полицискиот претставник Ромил Бања за британските медиуми изјави дека утринава репликата била украдена од домот на активистот за правата на децата, во јужен Делхи, пренесоа британските медиуми.
Освен репликата украдени се и други подароци и признанија, изјави Ракеш Сенгер, директор на движењето Бачпан Бачао Андолан - „ Да го спасиме детството“, кое го основал Сатијарти.
Сатијар, инаку, во време на кражбата бил на пат, па не беше достапен за коментари.
Неговата Нобелова награда се наоѓа во палатата на индискиот претседател Пранаба Мукареџи, откако Сатијарти во 2015 година одлучи да и ја подари на нацијата.
Сатијарти (63) во 1980 година се откажал од кариерата на инжинер по електроника за да ја почне борбата против вработувањето деца. Оттогаш водел безброј мировни протести и демонстрации за да го привлече внимението на страдањата на децата експлоатирани за финансиска добивка.
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани