Ковачевски: Субвенциите за земјоделците за 2023 година ќе се исплаќаат уште на почетокот на првиот квартал од годината
– Во следната 2023 година исплатата на субвенциите за земјоделците ќе започне уште во текот на првиот квартал. Тоа се предвидува со новиот концепт за субвенционирање, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-Нашиот план е штом ќе се донесе буџетот за 2023 година веднаш на Влада да биде донесена програмата за поддршка на земјоделството и истиот ден да почне исплатата на субвенциите, рече Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
Тоа, како што рече, значи дека нема да се чека да заврши првиот квартал или да почне вториот квартал во 2023 година, туку уште на почетокот на првиот квартал, односно на самиот почеток на идната година ќе им бидат исплатени субвенциите на земјоделците.
Премиерот ги повика сите заинтересирани да учествуваат во конципирањето на новиот концепт на субвенционирање.
Ново на Сител
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници