Костадиновска Стојчевска: Топла вода не измисливме, ама мора да одиме во Европа
Да престанете со слободна интерпретација на меѓународни договори, соработката со Бугарија е долго време активна и не е ништо ново, топла вода не измисливме ама мора да одиме во Европа. Историјата повеќе да не ни биде затвор, туку да ни биде лекција, порача денеска од собраниската говорница министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, одговорајќи на пратеничко прашање.
Костадиновска Стојчевска потенцира дека Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира ништо.
Државава треба да гради соживот, а историјата е таа што е и не смее да се интерпретира како говор на омраза, подвлече министерката.
-Правите слободни интерпретации на Договорот за пријателство. Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира, секој има право на творештво. Спонзорираме уметност и творештво на многу повисока категорија граѓани и овој Договор за пријателство се надевам нема така да го толкувате. Соработката со Бугарија одамна постои, топла вода не измисливме ама мора да одиме во Европа, да градиме соживот. Немојте да ги извртувате напорите што се направени, дека Министерството ќе прави цензура и дека ќе става граници. Во Договорот со Буарија стои дека ќе разменуваме артисти за Илидненски денови, Струшки вечери, Охридско лето,… што не е ништо ново, подвлече Костадиновска Стојчевска.
Прашањето го постави пратеничката Велика Стојковска Серафимовска која, меѓу другото, сакаше да добие одговор што конкретно според потпишаниот Протокол со Бугарија значи „говор на омраза“ и дали тоа предвидува цензура во творењето на уметниците, како и дали делата кои се однеусваат на т.н. спорни периоди ќе бидат заборавени и забранети. Стојковска Серафимовска како примери ги посочи филмовите „Волчја ноќ“, „Истрел“, „Јазол“, „Трето полувреме“,…, прашувајќи дали ќе треба да се менува нивната содржина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален