Косовската амбасада бара посета на осудените во „Диво насеље”
Косовската амбасада преку МНР испратила барање до затворската установа да дозволи посета на осудените терористи од кумановските настани, пренесува Телма.
Барањето кое веќе стигнало до Министерството за правда и до Управата за извршување на санкции, содржи список од 17 осуденици кои се државјани на Косово и се уапсени на 9-ти мај 2015-та година во кумановската населба Диво Насеље.
Барањето е со ознака итно, а посетата доколку биде одобрена ќе ја изврши Блерим Салаху, заменик министер за правда на Косово. Во барањето се предложени два датуми за посета, 17- ти декември (петок) или 20- ти декември (понеделник).
Од Управата за извршување на санкции, за Телма кратко одговориле дека сите барања се разгледуваат и се носат одлуки за нив, без да прецизираат повеќе детали за ова барање на косовската амбасада во земјава.
Салаху се обиде да ги посети истите затвореници осудени за тероризам минатиот петок без да бара ваков вид на дозвола, но откако стана јасно дека тоа е надвор од сите процедури, косовскиот заменик министер ја откажа посетата.
Во кумановските настани , загинаа 8 полицајци и 50-тина беа повредени.
На доживотен затвор и на казни од 40 години беа осудени 20-тина припадници на терористичката група, главно дојдена од Косово.
Ново на Сител
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб
-
Песков: Путин и Трамп се согласуваат дека е можно мирно решение за Украина
-
Најмалку 20 повредени при влетувањето на автомобил во толпа во Минхен, возачот е уапсен
-
Бугарин приведен во Куманово за измама на повеќе лица
-
Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови