Русковска поднесе обвинение против Рашковски
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска, денеска до Кривичниот суд во Скопје поднело обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, и против уште шест лица за проблематичните набавки на софтвери, дознава „360 степени“ од судски извори. Засега нема официјална потврда на овие сознанија на „360 степени“.
Пред точно седум месеци, на 8 март 2021 година, „360 степени" ја објави првата од серијата истражувачки стории, во која обелоденија дека екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, купил софтвер за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци од 81 000 евра.
Тој тврдеше дека софтверот треба да биде дел од т.н. „Сејф сити", но единствената институција со право да казнува, Министерството за внатрешни работи, брзо ја урна тезата на Рашковски со ставот дека ниту барале ниту планираат да го користат софтверот за кој никој не ги прашал.
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово