Коснет: Курти да не се однесува како премиер на северна Албанија
Амбасадорот на САД во Косово Филип Коснет му порача на лидерот на партијата Движење Самоопределување Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово, „да излегува на терен и да се среќава со граѓаните, без оглед на нивната припадност“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во интервју за косовската јавна телевизија РТК, Коснет рече дека Курти не треба да се однесува како премиер на северна Албанија.
– Албин Курти треба да излезе на терен и да се среќава со граѓаните, без оглед на нивната припадност, а не само со политичарите. Треба да им докаже дека ќе биде премиер на сите граѓани на Косово и да не се однесува како премиер на северна Албанија, изјави американскиот амбасадор.
Во врска со барањата за корекции на границите меѓу Косово и Србија, Коснет рече дека тоа никогаш не била американска идеја и нагласи дека Вашингтон ќе го поддржат секој договор кој ќе произлезе од консензус меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива