Коснет: Американските војници не гинеле за да се создаде Голема Албанија
Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет порача дека „американските војници не се бореле – а некои од нив и загинале – за да се создаде Голема Србија и Голема Албанија на Балканот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Изјавата на Коснет во интервју за приштинскиот портал „Газета Блиц“ уследи по најавата на лидерот на Алијансата за иднинат на Косово (ААК) и кандидат на таа партија за претседател на државата, Рамуш Харадинај, дека ќе оргнизира референдум за обединување со Албанија доколку Европската Унија не го смени односот кон Косово, пред се кога е во прашање либерализацијата на визниот режим за косовските граѓани.
Американскиот амбасадор вели дека би му било „криво доколку Косовците се откажат од државноста на Косово“.
– Мојот коментар за обединувањето (на Косово) со Албанија останува непроменет. Американските војници не се бореле – а некои од нив и загинале – за да се создаде Голема Србија и Голема Албанија на Балканот. Би го насочил вниманието на Уставот, кој повикува на мултиетничко општество со верски слободи за сите… Мислам дека Косово има корист од тоа што е мултиетничко и мултиконфесионално општество и разговорите за Голема Албанија, разговорите за Голема Србија на Балканот би претставувале предавање, би претставувале пораз и сметам дека тоа не е одговорот за проблемите на земјата и на регионот – порача Коснет.
Ново на Сител
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди
-
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата
-
Учениците на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел