Loading Video...
Кошарка
14. July 2021 - 14:33

Кошаркарите се преселија во Маврово да ги одработат базичните подготовки

По дводневниот престој во Скопје, машката македонска кошаркарска репрезентација се пресели во Маврово, каде продолжува подготовките за претквалификациски циклус за Светското првенство во 2023 година.
 
Таму, кошаркарите ќе работат пред се на физичката подготовка се до 21 јули кога ќе се врати во Скопје и ќе почнат активностите околу подготвителните натпревари.
 
Засега договорена е само една контролна средба против Црна Гора, а ќе имали други пред квалификацискиот турнирот што ќе се игра од 12 до 18 август, останува да се види. 
 
Противници на Македонија во овие предквалификации ќе бидат селекциите на Словачка и Швајцарија.