Конференција за безбедност и здравје при работа во компаниите
Македонското здружение за заштита при работа и Сојузот на синдикатите на Македонија денеска организираат национална конференција за „Функционирање на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите“.
Конференцијата е во рамки на проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право“.
- Целта на националната конференција е да се подигне свеста за придобивките од бипартитниот дијалог во компаниите и за улогата и профилот на претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа. Да се отвори дискусија за мислењата и ставовите на сите засегнати страни, како социјалните партнери, граѓанскиот сектор и државните институции преку своите активности ќе се залагаат за унапредување на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа, соопштија организаторите.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка
-
Преглед на вестите од светот
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор