Фудбал
29. February 2016 - 9:12

Конечно и ПСЖ загуби во Лига 1

 
 
 Прекината е серијата без пораз на шампионот во Лига 1, тимот на Пари Сен Жермен, која траеше од почетокот на првенството па се до синоќа кога загуби на гостувањето кај Олимпик Лион со 2:1.
 
На другите два неделни натпревари, Нант – Монако 0:0 и Сент Етиен – Каен 1:2, додека средбата Ајачио – Олимпик Марсеј е одложена.
 
Претходно се одиграа натпреварите:
Ница – Бастија 0:2,
Монпеље – Лил 3:0,
Генгамп – Анжи 2:2,
Троа – Лориен 0:1,
Ремс – Бордо 4:1 и
Тулуз – Рен 1:2.
 
Табела: ПСЖ 73 бодови, Монако 50, Лион 42, Каен 42, Ница 41, Рен 41, Сент Етиен 41, Нант 40,...